МВР со поединости за трагичниот карамбол кај Пуста кула

250

Едно загинато лице, четири повредени од кои две потешко е билансот од сообраќајната несреќа која околу 8 часот утрото во четвртокот се случи на автопатот Велес – Скопје, објави во петокот Министерството за внатрешни работи, во врска со инцидентот во кој учествуваа седум возила.

Веружниот судир се случил во близина на наплатната рампа „Отовица“ кај местото викано Пуса кула или само Кула. Во сообраќајката учествувале „БМВ“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Ѓ.Ц. од Велес, „мазда“ со велешки ознаки управувана од 31-годишниот Р.Ј. од Велес, „шкода октавија“ со кавадаречки ознаки управувана од 37-годишниот С.М. од Кавадарци, „мазда“, со прилепски регистарски ознаки управувна од 52-годишниот Р.Д. од Прилеп, „мицубиши аутлендер“ управуван од 53-годишниот М.К. од Скопје, товарно возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки управувано од 60-годишниот О.А. од Велес и влекач, со непозната марка и регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое го напуштило местото на незгодата.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле С.М. и сопатниците во патничкото возило „шкода октавија“, 38-годишната Ј.В.М. и 11-годишна малолетничка, и двете од Кавадарци, додека со телесни повреди се здобиле возачите Р.Ј. и Р.Д. Повредените биле пренесени во Општата болница Велес, додека Ј.В.М. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починала.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.