МВР спаси двајца параглајдеристи од Украина

Двајца параглајдеристи од Украина, машко и женско , денес попладне паднале на Галичица од Албанска страна.

Македонското МВР веднаш стапило во контакт со колегите од Албанија, при што се понудило да испрати хеликоптер со цел побрза акција за спасување на украинските параглајдеристи

За кратко време, екипа на специјалната полиција заедно со еден наш хеликоптер, успеале да ги извлечат параглајдеристите живи , и да ги пренесат во охридската болница Св. Еразмо

Повеќе детали за овој настан се очекуваат во утрешниот ден