МВР спречи крумчарење на 40 мигранти

Министерството за внатрешни работи во два одвоени случаи реализираше акција за спречување на криумчарење и транспорт на над 40 илегални мигранти.

Во првиот случај од страна Одделот за Сузбивање на Организиран и Сериозен Криминал, до Основното Јавно Обвинителство поднесена е кривична пријава против тројца македонски државјани, Д.А. (31), Ш.М. (36) и Р.М.(37) сите од Штип поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело “Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење миграти“ при што од страна на Судија на претходна постапка, на пријавените им е одреден мерка притвор во траење од 30 дена.

Имено пријавените со три возила од кои едното ТМВ “Застава“ (и ПМВ “Опел Омега“ управувано од Н.Н. лице и “Тојота Селика“) се упатиле кон с.Удово, со цел прифаќање на поголема група илегални мигранти, кои требало да ги прокриумчарат до Куманово. По пристигнувањето, на погодна локација во близина на селото истите ги прифатиле мигрантите, при што ги сместиле во ТМВ, додека останатите две возила, во улога на чистачи се движеле на одредено растојание пред ТМВ. Групата со возилата, од с.Удово се упатила по магистралниот пат кон Демир Капија и Неготино, по што кај клучката кај Демир Капија од страна на полициски службеници биле запрени ТМВ Застава во кое се наоѓале лицата Д.А. и Ш.М. и ПМВ “тојота“ во кое се наоѓал Р.М., додека возилото “опел омега“ се дало во бегство. При акцијата, од страна на полициските службеници во ТМВ Застава биле пронајдени вкупно 40 илегални мигранти (23 авганистански, 11 сириски и шестмина палестински државјани).

Во вториот случај од страна на полициски службеници на автопатот во правец Гевгелија – Скопје во непосредна близина на Неготино е запрено ПМВ марка VW-Поло управувано од З.Р. (35) и во кое како совозач е затекната Б.Д. (33), инаку и двајцата од Струга. Во возилото биле пронајдени три лица илегални мигранти од Сирија, коишто илегално влегле во Република Македонија од Република Грција, во близина на ПС за ГП и ГН “Богородица“ и имале намера илегално преку Македонија, потоа и Србија да стигнат до земјите од ЕУ. Според нивното кажување откако влегле на територијата на Р.Македонија се движеле по самиот пат кон Скопје, при што пешачеле неколку часа кога до нив застанало возило во кое биле горепријавените, кои ги прашале дали патуваат кон Скопје. Кога мигрантите им кажале дека сакаат да стигнат до Скопје, пријавените, за сума од по 100 евра од човек ги качиле во возилото со намера да ги пренесат до Скопје. Против З.Р. и Б.Д. до надлежното ОЈО исто така е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “криумчарење на мигранти“