МВР трага по лицата кои фрлаа шишиња врз владината делегација

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека презема мерки и активности за расчистување на денешниот инцидент при прославата на Илинден во Крушево, кога поединци кои беа присутни на прославата фрлаа со предмети кон присутните делегации.

Се преземаат мерки за идентификација на сторителите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Министерството за внатрешни работи во содејство со Јавното обвинителство презема мерки и за расчистување на случаите со ширење на говор на омраза на денешната манифестација во Крушево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.