МВР тврди дека џипот е во кругот на министерството

Откако НетПрес објави дека негови извори доставија видео и фото материјал од кој се гледа дека луксузното теренско возило „ Ренџ Ровер Дискавери Спорт” е на пат во соседна Грција, министерството за внатрешни работи во допис до Редакцијата тврди дека возилото за коешто е овластен негов висок функционер викендов е во Скопје, во кругот на министерството.

„Во врска со Вашиот напис за користење на службено возило на МВР, Ве информираме дека споменатото возило е сопственост на МВР и е управувано од овластено лице, вработено во МВР. Возилото викендов е во Скопје, во кругот на МВР. Министерот Спасовски, согласно своите овластувања, побара Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди да изврши проверки и да му достави извештај со наоди од спроведените проверки. По завршувањето на проверките, соодветно ќе ја известиме јавноста и ќе бидат превземени соодветни мерки“, се наведува во одговорот на Министерството за внатрешни работи.

Нашите извори тврдат дека во споменатото возило, кое го должи директотот на Бирото за јавна безбедност, се наоѓале четири девојки, наводно една од нив е ќерката на директорот на БЈБ, кои летуваат во кампот „Евридики“. Изворите, исто така, наведуваат дека поседуваат и фотографии од самиот камп од кои дел се објавени.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.