МВР вчера издаде 649 потврди на мигранти

МВР вчера издаде 649 потврди на мигранти
МВР вчера издаде 649 потврди на мигранти

Министерството за внатрешни работи вчера издаде 649 потврди на мигранти кои илегално влегле во земјава за барање азил.

Вкупно 21.575 издадени потврди

Во периодот од 19.06. до 29.07. годинава издадени се потврди на вкупно 21.575 странски државјани, од кои, 15.657 се од машки пол, 2.878 се од женски, 2.847 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 193 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Најбројни Сиријците

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-15.959, потоа Авганистан-1.733, Ирак-1.199, Пакистан-713, Сомалија- 470, Палестина-415, Конго-277, Камерун-124, додека останатите се во помал број.

Вкупно 41 барање за азил од измените на Законот

Од започнувањето на издавањето на потврди на мигранти до 29.07.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

20 барања за азил во Прифатниот центар

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 29.07.2015 година се евидентирани вкупно 20 баратели на азил, од кои 15 баратели на азил се мажи,1  барател на азил е женa и 4 баратели на азил се малолетни лица.

Oд присутните баратели на азил во ЈУ Прифатниот центар, 2 баратели на азил се малолетни лица без придружба на старател, додека пак бремени барателки на азил како и баратели на азил со повреди не се регистрирани.

Активности на Црвениот крст

Во однос на активностите на мобилните тимови на Црвен крст ден 28.07. 2015, до 16.30, пружија прва помош на вкупно 71 лице , од кои 14 интервенции биле извршени на железничката станица во Табановце и 57 интервенции во Гевгелија.

До 16.30 часот, екипите дистрибуирале:

  • 397 шишиња вода

  • 4 пакети за бебе

  • 11 хигиенски пакети за жени

  • 9 хигиенски пакети за мажи

  • 15 пакети со храна

  • 6 пакети за самопомош