МВР: Вчера изречени 283 казни во Скопје, 104 возачи ја пречекориле дозволената брзина

23

Министерството за внатрешни работи  соопшти дека вчера на територија на Скопје изречени се вкупно 283 санкции.

Казни за возење без возачка дозвола добиле 18 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење имало 104 прекршоци, откриени се 16 технички неисправни и нерегистрирани возила и шест мотоцикли, изречени се 66 мерки за непрописно паркирање, 55 возила се подигнати со пајак, а изречени се 40 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.