МВР за еден ден казни 258 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (13.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 258 возачи.

Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 118 возила ја пречекорило брзината во населено место, а 140 надвор од населено место.

Засилените сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.