МВР за оштетувањето на канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети“

На 23.11.2022 година во 19:12 часот во СВР Охрид било пријавено оштетување на стакло на канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети“ лоцирана во трговски центар на бул.„Македонски Просветители“ во Охрид.

Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот, при што било утврдено дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје.

За настанот известен е Јавен Обвинител од ОЈО Охрид,  по чии насоки се преземаат мерки за  расчистување на настанот.