МВР за пожарот во фабриката „Жито Битола“

Големиот пожар кој изби попладнево во фабриката за брашно „Жито Битола“ сè уште е активен, а пожарникарските екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат.

Засега нема информации за причината за пожарот. Командирот на Противпожарната служба во Битола вели дека сè уште нема точни информации за тоа како избувнал пожарот.

-Пожарот беше пријавен во 17.25 часот и веднаш интервениравме. Нашите пожарникари се на терен и се гасне пожар кој според првичните информации е во непосредна близина на силосите и е во насока кон индустрискиот дел, односно поранешно „Фринко – изјавија од Територијалната против пожарна единица во Битола.

Според СВР Битола, засега нема пријава за повредени лица.

-На 23.01.2022 во 17.20 часот во СВР Битола било пријавено дека има пожар во фабрика за леб лоцирана во индустрискиот дел на Битола. Веднаш се упатени екипи на територијалната противпожарна единица Битола и полициски службеници и се преземаат мерки за гасење на пожарот. До сега нема пријава за повредени лица, велат од МВР.