МВР закочено – нема напредни обуки, владее неизвесност, а Спасовски молчи

Двајца адвокати од Штип го оштетиле МВР со лажни побарувања

Заради одземените овластувања во МВР напредните обуки по новиот Закон за кривична постапка кои редовно се одржуваат повеќе од две години за прв пат се одложени.

Као што јавува „Курир“ викендов сите предавачи и учесници од меѓународните организации, судската фела, обвинителството и полицијата останале зачудени за ваквиот некоректен чекор.

Спасовски од друга страна, трет ден молчи за хаосот што го предизвика со незаконската одлука.

Нема одговор на прашањата дали тој е министер е со целосен мандат или заради организација на предвремените избори како што стои во член 44 и дали во носењето на одлуката учествувал и дополнителниот заменик, заедно и рамноправно како што вели член 46?

Понатаму, Зошто на актот не е потпишан и дополнителниот заменик како што пропишува став 3 го член 46 и дали решението за одземање на овластувањата е одобрено од заменикот?

Хаосот и неизвесноста во МВР сеуште трае. „Курир“ дознава дека во моментов никој не потпишува ниту решенија за одмори, а вработените почнале да се закануваат со тужби против министерството.

Извори од МВР за порталот наведуваат дека се трошат и залихите на храна за специјалните единици и оти е огромен ризикот за целиот безбедносен систем.

Заради одземените овластувања никој не презема ништо и постои опасност да се случи инцидент со далекусежни последици кога на јужната граница има засилен наплив на илегални имигранти од Сирија.