МЗ: Обезбедени повеќе средства за набавка на ретки болести и инсулин

Со ребалансот на Буџетот дополнително се обезбедени средства во висина од 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, а истовремено во Фондот за здравствена заштита се алоцирани 660 милиони денари за непречено остварување на правата од здравствена заштита.

Владата ја усвои Информацијата за прогресот на активностите за јавна набавка на медицинска опрема за потребите на Универзитетска клиника за кардиологија.

Усвоена е и информацијата со иницијатива за соединување–централизирање на дејноста онкологија и радиотерапија, во рамки на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје со основање подрачни одделенија во Градската општа болница „8-ми Септември“–Скопје, Клиничка болница Штип и Клиничка болница Битола, како и низ останатите градови во државата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.