МЗШВ не размислува за интервентна мерка во лозарството зашто откупот не е почнат

42

Министерството за земјоделството не размислува за интервентна мерка во лозарството зашто откупот се уште не е почнат и не е дефинирана крајната цена.

Како што рече денеска ресорниот министер Трајан Димковски, засега родот на грозјето е добар и се очекува просечен квалитет.

Димковски најави дека МЗШВ ќе се вклучи директно во следење на шеќерните единици и декларирањето на цените за да се онезвозможи каква било манипулација.

– Целта е да не се даде можност да се објави една цена, па потоа со земјоделците „играат“ со анализи, помал број шеќерни единици и воопшто им ја намалувата цената. Од друга страна винариите велат дека сакаат да откупат грозје со подобри шеќерни единици затоа што добиваат и алкохол и подобри и поквалитетни вина, рече Димковски, одговорајќи на новинарско прашање.

Постојано, дополни, имаат интензивни средби со лозарите, комуницираат секојдневно. Одржан е и состанок со винариите.

– Она што се очекува да биде понудено на пазарот, генерално се предвидува дека ќе биде една просечна година во приносите. Се очекуваат 120 до 125 милиони килограми. Во последните три години просек на извоз на грозје во гајби кое го купуваат соседите, и тие се појавуваат, и тие се купувачи, е некаде околу 10 милиони килограми. Со тоа доаѓаме до приближна бројка во која понуденото ќе биде многу малку над она што ќе биде побарано од винариите, рече Димковски.

Потсети дека лани беше воведена интервентна мерка за „вранец“ и „смедеревка“. Се доделија по еден денар.

-Таа мерка од буџетот ќе однесе околу 100 милиони денари бидејќи веќе се направени пресметките. Сто милиони денари ќе треба да се исплатат само од таа мерка, напомена министерот.

Се осврна и на промените во Законот за вино, каде на мали семејни винарии ќе им се овозможи да излезат на пазар. – Целта е да имаме поголем број откупувачи, околку сега што се во моментот. Сега на пазарот се останати само поголемите, ги знаеме тие кои се борат на пазарот. Како винска индустрија бележат пораст, и на квалитет и на извоз постојано. Од анализите од последните три години, лани имаме само 233 хектари зголемени површини под лозови насади. Тоа укажува дека има потенцијал и може да се развива оваа гранка, рече Димковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.