МЗТ поведе во серијата со Задар за враќање во АБА лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје го победија на гостинскиот паркет Задар во првиот натпревар од доигрувањето за пласман во првата АБА лигата со 89:83 (30:18, 27:18, 22:25 и 10:22).

Скопскиот тим со тоа поведе со 1-0 во серијата до две победи, а до триумфот во Задар дојдоа благодфарејќи на одлучната игра во првите две четвртини по кои на одмор заминаа со 21 кош предност.

Потоа МЗТ во третата четвртина дојде и до предност од 28 поени, но во самата завршница паднаа и му дозволија на противникот да дојде до само пет поени заостанување (87:82), на 50 секунди до крајот. За нивна среќа, Задар немаше сили да направи целосен пресврт.

Најефикасни кај МЗТ беа Вудард со 22 и Иванов со 19 кошеви, а кај домашните по 19 поени поистигнаа Божиќ и Литл.

Вториот дуел ќе се игра во Скопје на 23-ти април, кога МЗТ пред своите навивачи по само една година да осигури враќање во елитното регионално натпреварување.