МЗТ Скопје подобар од Гостивар, Кожув влегува во серија

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат да редат победи во домашното првенство, откако вечерва, далеку потешко од очекувањата, го совладаа тимот на Гостивар (78:75), што за нив беше седми триумф во низа во досегашните осум кола од Првата лига.

Бојан Крстевски и Дастин Вер беа убедливо најдобри кај МЗТ Скопје со по 19 поени, со тоа што македонскиот центар имаше и пет скока, а Американецот и осум асистенции, додека Дамјан Робев и Дамјан Стојановски реализираа по девет поени, а Немања Милошевиќ на скромните два поени додаде дури 14 скока.

Еџасу Ворку го одигра можеби мечот на кариерата остварувајќи трипл-дабл со 23 поени и со по 11 скока и асистенции во тимот од Гостивар.

Претходно денеска, Кожув го совлада МЗТ Скопје УНИ Банка (104:92).