МЗТ Скопје се враќа во елитното јадранско друштво

Македонија одново ќе има преставник во АБА 1-лигата. По пауза од две години МЗТ Скопје се враќа во елитното јадранско друштво, откако Приморска сепак не успеа финансиски да се издигне и денеска им соопшти на кошаркарите дека се слободни.

Официјалната потврда за кам-бекот на МЗТ Скопје ќе се случи утре за кога е закажан нов состанок на бордот на АБА-лига. Во меѓувреме среќната вест ја потврди и извршниот директор на тимот од Аеродром, Тони Грнчаров.

Во разговор за СПОРТМЕДИА вели дека имало најави, но ја чекале официјалната потврда која требало да се случи утре.

МЗТ Скопје во влезот во АБА 1-лига најверојатно ќе отвори простор за нов македонски клуб во второлигашката јадранска конкуренција. Какви се плановите на бордот ќе биде познато во текот на утрешниот ден кога ќе се решава и прашањето за Партизан кој е во војна со АБА-лига поради ФМП и тврдењата дека се поврзани со Црвена Звезда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.