МЗТ Скопје со победа го заврши регуларниот дел од сезоната на АБА 2 лигата

Македонскиот кошаркарски  тим МЗТ Скопје со победа го заврши регуларниот дел во АБА 2-лига каде на последниот дуел против домаќинот на турнирот Златибор славеше со 71-90.

Тимот од Аеродром дојде до осмиот триумф оваа сезона и сега го чека финалниот распоред на табелата за потврда на противникот во плеј-офот.

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Бојан Крстевски со 25 поени, зад него беше Николов со 18 поени, два помалку запиша Тарнер.