МЗТ Скопје триумфира над Хелиос

Македонскиот првак МЗТ Скопје го победи Хелиос (94:88) во натпревар од АБА2 лигата и стигна до четвртиот триумф во регионалното натпреварување, а за македонскиот состав ова е четврта победа на пет настапи сезонава во АБА2.

МЗТ стигна до првиот успех на турнирот во Сараево, а најмногу благодарение на одличното второ полувреме во кое направи целосен резултатски пресврт.

Вер со 23, Рикиќ со 21 и Мекиќ со 20 поени беа најефикасни во редовите на победничката екипа, додека кај Хелиос, Ферм реализираше 20 поени.