МЗТ Скопје ја пречекува Цедевита

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје – Аеродром днеска (17 часот) ќе биде пред тежок испит. Металците во рамките на 17. коло на домашен терен во СЦ Борис Трајовски го пречекуваат тимот на Цедевита.

На овој натпревар гостите од Загреб ќе го бркаат врвот на табелата, додека “металцит” ќе трчаат по место повисоко на табелата од средината на која се сега. Доколку сакаат да го направат тоа , немаат право наг решка на овој натпревар. МЗТ Скопје од претходните натпревари покажа дака не носат бодови од гостински терен И покрај тоа што на последниот натпревар во Подгорица беа близу до победата. Осцилациите во играта се нормални, особено што во текот на лигата влегуваат нови играчи на кои им треба време за адапатација, но некако или несреќно негативните периоди во играта се случуваат кога не треба. Ритамот секако го растураат и повредите. Во Подгорица се повреди Марковски, но можно е пак Николовски, кој долго отсуствува од терените, да се врати на паркетот.

Цедевита на ова гостување гледа како на обид да се рехабилитира за поразот на домашен терен во Еврокупот. И тоа најболен пораз, со поен разлика (83:84). Загрепскиот тим во првиот круг од лигата не совлада со 77:67 и тоа има дава да се чувствуваат како фаворити во денешниот дуел.
Во останатите дуели од 17. коло: Крка-Мега Визура, Раднички-Игокеа, Широки-Солнок, Цибона-Будуќност, Црвена звезда-Олимпија и Задар-Партизан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.