МЗТ Скопје ја преслуша Игокеа

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ја забележа 11. Победа во Регионалната АБА Лига, откако триумфираше во рамките на 22 коло на гостувањето кај Игокеа во Александровац со 79:65.
Во редовите на “металците”, одлична игра прикажа Александар Цветковиќ со 13 поени, 3 скока и 3 украдени топки. Со двоцифрен број на поени беа уште и Иван Маринковиќ со 11 и Стефан Синовец со 10. Кејд Дејвис постигна 9, додека Александар Костоски мечот го заврши со 7 поени.
Немања Гордиќ со 18 поени и Буниќ со 12 беа единствените играчи со двоцифрен број на постигнати поени кај домаќините.
Следниот натпревар македонскиот шАмпион го игра против Цибона во недела (09.03.2014) со почеток од 18.30 часот.