МЗТ Скопје по продолжение поразен од Цибона

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се поразени по продолжение во рамките на 23 коло  во АБА лига на гостувањето кај Цибона во Загреб со 93:90. Во динамичен меч во кој и двете екипи честопати се менуваа во водство а ниту една не создаде поголема предност натпреварот се реши во дополнителните пет минути, откако во регуларниот дел мечот заврши нерешено 81:81. Со тројката на Стефан Синовец на стартот од продолжението МЗТ поведе 84:81, а потоа и со поените на Цветковиќ имаше нерешен резултат 86-86, меѓутоа домаќините со своја серија од 5:0 остварија предност која што избраниците на тренерот Зоран Мартич не успеаја да ја стигнат.

Иван Сиричевиќ со 21 постигнат поен беше најдобар поединец во домашниот состав. Дарио Шариќ имаше 18 поени, додека Џерел Блесингејм мечот го заврши со 13 поени.

Во тимот на МЗТ Скопје одлична игра прикажа Александар Цветковиќ со 17 поени, 10 скока и 8 асистенции. Стефан Синовец постигна 18 поени а капитенот Тодор Гечевски 14 поени.

Следниот меч МЗТ Скопје Аеродром го игра против тимот на Широки, кој е закажан за сабота (15.03.2014) со почеток од 19.00ч.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.