МЗТ Скопје подобар од Задар

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром забележа победа против хрватскиот Задар во 21.коло на АБА лигата, по која се пробија на седмата позиција на табелата во регионалното натпреварување.

„Металците“ на домашен терен триумфираа со 78:69, благодарение на одлично одиграниот трет период кој го добија со 11 поени разлика.Најефикасен во македонскиот состав беше Маринковиќ со 15 поени дополнети и со шест скока, Синовец и Гечевски завршија со по 12 поени, додека Ѓорѓи Чековски натпреварот го заврши со 11 поени. Во поразениот тим Американецот Лајонс заврши со 17 поени.

Со овој триумф МЗТ Скопје има скор од 10 победи во АБА лигата, наспроти 11 порази, сместувајќи се на седмата позиција. Задар остана на последното место со само пет победи во досегашниот дел од натпреварувањето.