МЗТ Скопје подобарод Широки

Кошаркaрите nа МЗТ Скопје Аеродром го забележаа 12. триумф во АБА лига, откако на домашен терен го совладаа тимот на Широки 82:71. Иако имаше можност мечот да биде решен и многу порано , кошаркарите на Широки не дозволуваа МЗТ Скопје резултатски да се одлепи се’ до самиот финиш.

Иван Маринковиќ одигра одличен меч за македонскиот шампион постигнувајќи 20 поени со одлична реализација од поле (9-10) а додаде и 4 скока.  Стефан Синовецпостигна13 поени и 5 асистенции, додека  Цветковиќ, Шеховиќ, Чековски, и Лучиќ постигнаа по 9 поени.

Во тимот на Широки најмногу се истакна Џонатон Џонс со 25 поени.

По 24 одиграни кола МЗТ Скопје има скор од 12 победи и 12 порази. Следниот меч македонскиот шампион го игра во сабота против Црвена Звезда на гости.