МЗТ Скопје заборави да победува

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром, го претрпе и осмиот пораз во Еврокупот. Овој пат на гостувањето во Талин. Металците во рамките на 9. коло од Х – групата се поразени од тимот на Калев со 84:69 (по четвртини 17:14, 30, 24:18 и 13:22).
На натпреварот на кој МЗТ настапи со десетмина играчи, бидејќи за Естонија не отпатуваа Гечевски, Чековски и Оташевиќ, најефикасен во редовите на тимот од Аеродром беше Стефан Синовец со 12 поени. Џастин Рејнолдс и Кејд Дејвис придодадоа по 11 односно 10 поени.
МЗТ со само една победа е последен на табелата во групата Г, во кој неприкосновено на првото место е екипата на Уникс Казан која ја оствари и деветтата победа откако го совлада тимот на ВЕФ Рига со 98:51.
Банвит со победата над Макаби Хаифа со 95:76 го осигура своето место во втората фаза од ова натпреварување.
Табела: Уникс Казан 9-0 (победи-порази), Макаби Хаифа 6-3, Банвит 5-4, ВЕФ Рига 4-5, Калев Талин 2-7 и МЗТ Скопје Аеродром 1-8.