МЗТ со цврста одбрана и напад во мечот против Партизан

Избраниците на тренерот Зоран Мартич, одиграа цврсто во одбраната и разноврсно во нападот и во ниеден момент не дозволија противникот да направи поголема предност.

МЗТ играше добро во одбраната и нападот, а клучната предност за остварување на оваа важна победа ја направија во последните пет минути од натпреварот.

Најефикасен во македонскиот тим беше Тодор Гечевски со 19 поени, Синовец постигна 12, а Лучиќ натпреварот го заврши со 11 поени. Во тимот на Партизан најмногу се истакна Кинси со 16 поени.

Со оваа победа македонскиот шампион се врати на седмата позиција на табелата во АБА лига, а во следното коло на домашен терен ќе го пречека тимот на Мега Визура.