МЗТ загуби добиен натпревар во Словенија

МЗТ Скопје по продолжение загуби 91:84 на гостувањето во Словенија кај „Сикст Приморска“ во рамките
на третото коло на АБА 2 лигата. Ова беше прв пораз за „Металците“ во лигата и во натпревар со можеби најголемиот ривал за првото место во оваа конкуренција.

Кошаркарите од Аеродром одлично го отворија мечот и по 18:22 во првиот период ја задржа предноста и добрата игра и во продолжението, па на полувреме имаа предност од пет коша, 36: 41.

Сепак, домаќините се вратија во игра, направија пресврт и третиот период го добија со 25:14 за 61:55.
МЗТ во првите пет минути од послениот период направија серија од 13:2 и го преземаа водството, а во последната минута имаа предност од 65:70. Но, македонските кошаркари не го издржаа
притисокот, дозволија домаќините да постигнат две тројки и да израмнат на 77:77.
Во дополнителното време домаќините беа поконцентрирани и по три минути игра имаа висока предност
од 87:80, која МЗТ се обиде да ја анулира, но без успех.

Џејмс Вудард со 20 поени и четири украдени топки беше најпрецизен во македонскиот состав, Лестер Медфорд постигна 19 поени и пет асистенции, а Иве Иванов имаше учинок од 15 поени и седум скока.
МЗТ во четвртото коло на домашен терен ќе го пречека Ловќен.