Н: ФИФА со рекордна премија за новиот светски шампион

Новиот светски шампион во фудбал ќе добие рекордна премја од страна на Светската фудбалска федерација ФИФА. Победникот на Мундијалот во Бразил (12 јуни – 13 јули) ќе биде побогат за 35 милиони долари ( 25,8 милиони евра). Поразениот во финалето ќе се утеши со бонус од 25 милиони долари ( 18,5 милиони евра)

Светската фудбалска федерација за награден фонд на ова првенство ќе одвои 576 милиони долари ( 425,3 милиони евра). Оваа сума е за 37 % поголема во споредба со Мундијалот од пред четири години во Јужна Африка, кога ФИФА подели 420 милиони долари. Последниот светски шампион Шпанија инкасираше 30 милиони долари за титулата

Сите учесници на турнирот во Бразил веќе инкасираа по 8.000.000 долари, а поминувањето на групата вреди 9.000.000 долари . Пласманот во четвртфиналето е 14 милиони долари , а поразените во полуфиналето ќе земат по 20 милиони долари, додека победникот во мечот за третот место ќе инкасира дополнителни два милиони долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.