На 10-ти јануари ќе биде изречена казната за Трамп во случајот Сторми Даниелс

Судијата одлучи дека казната за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во случајот со исплата за молчење на порно актерката Сторми Даниелс ќе биде изречена на 10-ти јануари, помалку од две седмици пред неговата инаугурација, објави во петокот BBC.

Судијата Хуан Мерчан изјави дека Трамп нема да биде осуден на затворска казна и дека новоизбраниот претседател може да се појави лично или виртуелно на рочиштето. Рочиштето е закажано десет дена пред инаугурацијата на Трамп во Вашингтон на 20-ти јануари.

Во мај, Трамп беше осуден во Њујорк по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја во врска со исплата од 130.000 долари на порно актерката Сторми Даниелс за да молчи за нивната наводна врска од 2006 година во периот пред да ја објави својата кандидатура на претседателските избори во 2016 година на кои изненадувчки ја победи фаворизираната демократска кандидатка Хилари Клинтон.