На 10-ти мај Отворен ден на Универзитет Американ колеџ Скопје

Младите кои трагаат по модерно високо образование преку кое ќе станат конкурентни поединци со врвни вештини имаат одлична можност да го постигнат тоа со продолжување на своето образование на факултетите на Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС).

Во петок, 10-ти мај, од 12:00 до 17:00 часот на Универзитет Американ колеџ Скопје ќе се одржи отворен ден, каде сите идни и сегашни студенти ќе се запознаат со можностите и придобивките од студирање на овој универзитетот. Освен информации за студиските програми, идните студенти кои ќе се запишат за време на отворениот ден добиваат 5-проценти попуст на школарината.

Во рамките на Отворениот ден, сите заинтересирани за квалитетно високо образование ќе добијат детални информации за различните факултети, наставните програми и современата методологија што се применува во текот на студиите. Ќе бидат претставени факултетите за деловна економија и организациски науки, архитектура и дизајн, компјутерска техника и информатика, странски јазици, правни науки,факултетот за политички науки и катерда за психологија.

Информациите за посебните факултети ќе можат да се добијат на посебни информативни пултови, каде ќе бидат достапни и информации за стипендиите кои ги нуди Американ Колеџ и можноста за практична работа во компаниите кои се членки на бизнис советот на УАКС, а професорскиот кадар ќе нуди дополнителни стручни објаснувања за различни аспекти од студиските програми. Истовремено, на отворениот ден, сите заинтересирани ќе имаат можност да се информираат за Еразмус плус програмата која е достапна за студенти од додипломски и пост-дипломски студии, преку која се нуди студирање во 28 – земји членки на Европската унија, како и Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Турција.

Универзитет Американ Колеџ Скопје за да овозможи навремено информирање, организира и превоз за сите заинтересирани идни и сегашни студенти од другите градови од земјата. Сите заинтересирани за присуство на отворениот ден може да се пријават на networking@uacs.eu.mk, по што ќе добијат прецизни информации за организираниот превоз до Скопје.

По официјалниот дел од Отворениот ден на УАКС, посетителите ќе може да уживаат и во добра забава со средношколскиот бенд од ДСУ Гимназија Никола Карев.

Универзитетот Американ колеџ Скопје е основан 2005-та година и е единствениот меѓународно акредитиран универзитет во нашава земја со признание од Советот за акредитација на бизнис школи и програми (ACBSP) од САД. Оваа високообразовна институција ги комбинира најдобрите методи и практики од американскиот и европскиот образовен систем, пресретнувајќи ги очекувањата на студентите. Американ колеџ Скопје е во континуирана активна соработка со седумте највисоко рангирани универзитети во светот, а студентите имаат можност да го продолжат своето образование во реномирани странски високообразовни институции како: Меѓународниот универзитет од Вирџинија (САД), Универзитетот Џон Кабот (Италија), Веларус Колеџ (Белгија), Универзитетот во Вормс (Германија) и многу други.