На 100-годишнината од основањето на Комунистичката партија, Кси им порача на членовите да остана лојални

30

Кинескиот претседател Кси Џинпинг ги повика во вторникот членовите на Комунистичката партија на Кина да останат лојални и да продолжат да му служат на народот, во текот на церемонијата на доделување медали на честа, во рамките на одбележувањето од стогодишнината од основањето на кинеската владејачка партиjа којашто се одбележува оваа седмица.

Церемонијата на доделувањето на одликувањата се одржа во пекиншката Голема народна сала, а беше емитувана на националната телевизија, додека партијата се подготвува за низа свечености по повод 100-годишнината од основањето коешто формално ќе биде одбележано во четвртокот.

„Медалот на 1-ви јули“,чиешто доделување е воспоставено во 2017 година а првпат се врачува во вторникот, е дел од напорите на Кси Џинпинг да го промени имиџот на една од највлијателни и најсилни политички партии на светот. Медалот се доделува за „исклучителен придонес за партијата“, а меѓу 29-те добитници се воени лица, работници, уметници и научници.

Кси ги повика сите членови на партијата „цврсто да ги чуваат лојалноста и љубовта кон партијата и кон народот, близу своето срце“. „Претворете го тоа во дела, посветете сѐ, дури и своите вредни животи, на партијата и народот“, порача кинескиот челник.

Комунистичката партија на Кина во 2019 година имала 91,9 милиони членови, што е 6,6 отсто од вкупното население на земјата, а на власт е од 1949 година, по поразот на силите на Куомитангот, предводени од генералот Чанг Кај-шек во граѓанската војна со кинеската комунистичка партија, кои потоа се префрлија на островот Тајван.

Партијата, во рамките на еднонеделното одбележување на своето основање, организраше во понеделникот вечерта прослава на Националниот стадион во Пекинг, познат како „Птичје гнездо“.

Партиските челници и странските дипломати ја проследија програмата составена од изведба на песни, танци и претстави, со кои се одава чест на успесите на Комунистичката партија на Кина поради тоа што ја доведе земјата до статус на светска сила. Церемонијтата беше заклучена со изведба на песната „Без Комунистичката партија немаше да ја има Кина“ и петминутен грандиозен огномет.

Сепак, темните петна од партиската историја, како гладта од крајот на 1950-те години, ткн Културна револуција во 1960-те и бунтот на плоштадот Тјананмен во 1989 година, не беа споменати.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.