На 117-години во Јамајка умре Вајолет Браун

Најстариот човек на планетата, жителката на Јамајка Вајолет Мосе Браун, почина на 117-годишна возраст, објави во саботата премиерот на земјата Ендрју Хаулнес.

„Нашиот најстар човек на светот, г-ѓа Вајолет Моссе Браун почина. Имаше 117 години. Почивај во мир Моссе Браун“, напиша премиерот на Јамајка на Twitter.

Браун е родена на 10 март 1900 година. Нејзиниот извод за родени бил издаден од британските власти. Јамајка доби независност дури во 1962 година.

Најстара личност на светот Браун стана на 15-ти април годинава, откако исто така на 117-годишна возраст почина Италијанката Ема Морано.

Браун речеиси сиот свој живот работела на плантажи со шеќерна трска, сакала да пее и избегнувала да консумира свинско и пилешко месо.