На 2 јуни ВМРО-ДПМНЕ почнува со митинзи против власта

ВМРО-ДПМНЕ со митингот на 2 јуни на терен ја почнува битката против актуелната власт. Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, броејќи ги, како што ги нарече,  деструктивните политики на Владата, најави за конкретни чекори против коалицијата СДСМ-ДУИ.

Тој Ја обвини владата дека не успеала да спроведе реформи, да отвори нови работни места и да го зголеми економскиот раст.

Мицковски исто така порача дека по предвремени парламентарни избори владата на Заев ќе остане во историјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.