На 20 август ќе се гласа за градоначалници на Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Претседателот на Собранието Талат Џафери, согласно своите уставни надлежности, денеска распиша избори за градоначалници на Општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

-Согласно Решението што го донесе претседателот на Собранието врз основа на Изборниот законик, изборите за градоначалници ќе се одржат на 20 август 2022 година. Роковите за извршување на изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавувањето на Решението за распишување на изборите во „Службен весник на Република Северна Македонија“, информираат од Собранието.

Изборите, согласно Решението за нивно распишување, ќе ги спроведат Државната изборна комисија, Општинските изборни комисии и Избирачките одбори.