На 39-тото издание на „Браќа Манаки“, 12 филма во трка за наградите „Камера 300“

Од денеска до следната сабота Битола ќе живее во магијата на филмот. Пред свеченото отворање на фестивалот „Браќа Мнаки“ вечерва, во градот веќе пристигнаа двајцата годинешни лауреати. Познатата актерка Клаудија Кардинале, е добитник на златната „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, а британскиот кинематографер, Роџер Дикинс, ја понесе наградата златната „Камера 300“ за животно дело.

Во следната недела ќе бидат прикажани над 90 фимови во 14 програми. Во официјалната конкуренција ќе бидат прикажани 12 филмски остварувања, селектирани од најпознатите светски фестивали, кои ќе се натпреваруваат за златна, сребрена и бронзена „Камера 300“.

Програмата е стандардно со предвидените 12 филмови во главна компетиција, за кои одговарам јас. Публиката милам дека ќе се увери за нивната разновидност, а жирито ќе има тешка задача кој од тие филмови да награди, рече селектрот на фестивалот Благоја Куновски Доре.

По доделување на наградите вечерва ќе има перформанс во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, по што следи премиера на краткиот филм „Љубовникот“ на режисерот Игор Иванов Изи, а веднаш потоа, во чест на лауреатот Роџер Дикинс, ќе биде прикажан  „Истребувач 2049“, кој токму за овој филм го доби престижниот Оскар.

Фестивалот ќе трае до 29 септември, а годинешното мото е „Симнуваме капа“