На 80-годишна возраст почина актерката Седлар, позната по улогите во сериите „Жикина династија“ и „Подобар живот“

 

Лилјана Седлар почина на 80-годишна возраст по кратко боледување, потврдија пријатели на актерката.

Седлар е родена на 1-ви ноември 1943 година во Белград, а во својата повеќедецениска кариера одигра десетици улоги. Првата улога на големото платно ја има во 1968 година во филмот „Под стаклено ѕвоно“, по што глумеше, меѓу другото во „Жикина династија“.

Седлар е најпозната по улогата на Дуда Павловиќ во култната серија „Подобар живот“. Таа се појави во 20 епизоди од познатата серија. Седлар е позната и по улогата во филмот „Кажи зошто ме остави“.

Последната улога ја одигра во 1998 година во продукцијата „Враќањето“ во која го толкуваше ликот на мајката на девојката на Никола, по што се повлече. Таа беше долгогодишен член на Белградскиот драмски театар. Се занимавала со културно-уметничка работа во општествени организации.

Извесно време била и управител на Белградскиот драмски театар, а настапувала и на други белградски сцени.