На 9 март е Конгресот на СДСМ, тогаш ќе се утврдат имињата на кандидатите за пратеници

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека партискиот Конгрес ќе се одржи следниот понеделник на 9 март и на истиот ќе се утврдат имињата на кандидатите за пратеници за претседателските избори на 12 април.

– Безмалку секоја вечер имаме состаноци. Во моментов работи сериозна комисија за селекција на кандидати составена од меѓународни и домашни експерти, заедно со претставници на СДСМ. Тие треба да се репрезенти на локалните претставници. Прво треба да склучиме договор со сите партнери за коалицирање, што очекуваме тоа да се се случи оваа недела, а потоа следува нашиот Конгрес. До тогаш треба конечно да утврдиме кои се коалиционите партнери, кои места ги добиваат и кои се кандидатите од Социјалдемократскиот сојуз и независните кандидати кои што ќе се најдат на листите, рече Заев.

Тој додаде дека најверојатно во текот на следниот викенд ќе биде утврдено како ќе биде распореден соодносот на силите помеѓу кандидатите за пратеници на коалиционите партнери СДСМ и БЕСА.