На аеродром уапсена жена со 55.500 евра во стомакот

Жена од Шпанија е уапсена на аеродромот во Пунто Кани, во Доминиканската Република откако во стомакот и биле пронајдени 55.500 евра, а во багажот уште 54.600 евра.

Уапсената жена е државјанка на Шпанија, по потекло од Доминиканска Република, која на аеродромот во Пунто Кани допатувала од Брисел.

Разузнавачките служби ги алармирале надлежните за доаѓањето на жената, како и тоа дека во стомакот има пари, спакувани во 16 кеси, што е потврдено на рентген снимката.

На патниците ијм се дозволено да внесат во Доминиканска Република без потврда до 10.000 долари.