На Ајнтрахт му бега Лигата на шампионите

91

Фудбалерите на Ајнтрахт од Франкфурт три дена по елиминацијата во полуфиналето од Лигата Европа од Челзи на пенали доживеаја уште еден тежок удар во борбата за пласман во Лигата на шампионите следната сезона, откако во неделата во средбата од претпоследното 33-то коло на германското првенство беа поразен на свој терен од Мајнц со 0:2 (0:0).

Двата погодока за гостите од Мајнц ги постигна Антони Ујах во 53 и 57 минута од натпреварот.

Ајнтрахт остана шести на табелата со 54 бодови, еден помалку од четвртата Борусија од Менхенгладбах и петтиот Баер од Леверкуен, а една од овие три екипи ќе изборат место во Лигата на шампионите следната сезона,

На Мајнц 05 овие три бода не му значат премногу, остана 12-ти со 40 бодови.

На врвот на табелата е минхенски Баерн со 75 бодови, два повеќе во пресрет на последното коло од второпласираната Борусија Дортмунд.

Бундеслигата ја напуштаат Хановер и Нирнберг, а Штутгарт ќе игра во разигрувањето за опстанок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.