На Јакимовски му се распаѓаат градинките во општината, за среќа е избегната трагедија

Се урнал таванот во градинката „Мајски цвет” викендов, објави на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски. За среќа нема повредени.

„Среќа во несреќа е што во градинката “Мајски цвет” (Карпош, Тафталиџе2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има.

Инаку на увид, градба, отварање за оваа градинка имаше дури 5 настани, една со Заев и Богоев, па потоа Богоев и Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и Шахпаска заедно, сите настани со прес конференции како СДСМ квалитетно гради, и колку добро СДСМ се грижи за децата. И еве го резултатот. Голема несигурност за децата.

Голема среќа што таванот паднал за викенд, кога градинката била празна“, напиша Милошоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.