На Алјаска рекордно високи температури и многу дожд наместо снег

Невообичаените временски услови на Алјаска резултирале со дневни температури и повисоки од 15,5 Целзиусови степени, кога е познато дека внатрешниот дел на оваа американска сојузна држава на крајниот север на земјата во декемри вообичаено е сув бидејќи студениот воздух не може да задржи многу влага.

На Алјаска во овој период од годината се досега владееше многу остра зима со исклучителни ниски температури и снежни врнежи, но овој декември таму се регистрирани силни врнежи од дожд.

Во островската заедница Кодиак температурата на воздухот во неделата на мерачот за плима и осека достигната 19,4 Целзиусови степени, што е најмногу кога и да е забележано на Алјаска во декември, вели научникот Рик Томан од Центарот за процена на климата и политиките, навекувајќи ги годинишните временски услови „апсурдни“. Новиот референтен максимум следеше по низата топлински екстреми во декември, додава Томан.

На аеродромот во Кондиак измерени се 18,3 Целзиусови степени, а потоа и рекордните 16,6 Целзиусови степени во полуостровската заедница во Колд Беј, а во грдот Уналски темературите најмалку осум дена во декември биле над 10 степени, и до 13,3 Целзиусови степени. Томан коментира дека тоа досега бил најтоплиот Божик на Алјаска.

Најсериозна непосредна последица од високите температури овој декември била големото количество врнежи на дожд во внатрешноста на Алјаска. Подрачјето на Фербенкс беше погодено од најжестоката дождовна бура со просечно количество од врнежи незабележани уште од 1937 година, вели Томан.

Вообичаено декември во внатрешноста на Алјаска е сув и студен месец, имајќи предвид дека ледениот воздух не успева да задржи многу влага, но изминатите денови на Алјаска не е така вели Томан кој живее во Фербенкс. Во градот Делта-Џанкшен, 153 километри југоисточно од Фербенкс, пак, во неделата навранало толку снег што се урнал покривот на единствената продавница таму.

Томан смета дека уште е полошо е што по обилните снежни врнежи следел обилен дожд и последично порои кои областа ја оковале во мраз, а тоа резултирало со прекин на снабдувањето со електрична енергија и затворање на клучните сообраќајници и канцеларии, па Томан го опишува ова како своевиден „Ајсмагедон“.

Министерството за сообраќај на Алјаска предупреди дека патиштата и улиците уште долго ќе бидат опасни за сообраќај поради слојот мраз кој на нив се создал по врнежите.

„Исклучително е тешко да се отстрани мразот откако ќе се поврзе со површината на коловозот. И покрај тоа што температурите на воздухот беа високи во текот на #ајсмагедон2021, температурата на коловозите беше под нулата, поради што нивната површина сега е полна со мраз, кој е како стакло“, објави на Twitter министерството за сообраќај на Алјаска.

„Топкото и влажно време среде зима во последните две децении на Алјаска е почесто отколку претходните години, што е знак за климатските промени. Тоа е токму она што го очекуваме во светот кој се загрева“, толкува Томан.

Додава дека на Алјаска и во иднина ќе има остри зими, следниот викенд во Фербенкс, на пример се очекува температура од минус 29 Целзиусови степени, но Томан вели дека топлите и влажни временски епизоди ќе бидат сѐ почести.

Студијата објавена во декември во научното списание Nature Communications проектира арктичка клима со повеќе дождовни отоколку снежни врнежи, а тој период би требало да настапи меѓу 2060 и 2070 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.