На Јанакиески нема да му се суди за делото за кое не призна вина во „Титаник”, обвинителството се откажа од прогон

На денешното рочиште за случајот „Титаник” обвинителката Лиле Стефанова се откажа од кривичниот прогон против поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за преостанатото, едно, кривично дело, за кое не призна вина.

Станува збор за делото „Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања“, за што е пропишана казна од најмалку пет години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.