На Антарктик измерени повеќе од 30 степен над нормалата

На истокот на Антарктик оваа седмица се измерени многу високи температури, повеќе од 30 Целзусови степени над нормалата, објавија научниците.

Научната база Конкордија, која се наоѓа на повеќе од 3.000 метри надморска височина, регистрирала во петокот рекордна температура од 11,5 Целиусови степени под нулата, што е најтопло од претходниот рекорд забележан на 17-ти декември 2016 година, кога биле измерени минус 13,7 степени, објави на Twitter Етјен Капикјан од француската метеоролошка служба Météo-France.

Иако темпретарурите би требало да се во опаѓање бидејќи во регионот заврши летото, базата Думон д’Урвил на брегот на Аделината Земја (Terre Adélie), измерила за март рекордно блага температура од 4,9 Целзиусови степени, а на 18-ти март биле рекордни ниските 0,2 степени.

„Денови без смрзнување повремено се случуваат во базата Думон д’Урвил, но никогаш не се случило по 22-ри февраури (1991 година)“, појаснува на Twitter Гаеран Еиме, исто така, од Météo-France.

Истакнува дека на истокот на Антарктик сега е „историски топло време“ со температури од 30 до 35 степени над сезонската нормала.

„Ова е период кога температурите би требало остро да паднат, по летната рамноденица во декември. Тој бран на топлина на Арктикот го менува она што го сметавме за можно за тамошните метеоролошки услови“, коментира за AFP Жонатан Вил, научник во Институтот за геоеколошки науки во Гренобл.

Кон крајот на февраури морскиот мраз околу Антарктик бил со најмала површина од почетокот на сателитските мерења во 1979 година, помалку од два милиона квадратни километри, објави американскиот истражувачки центар National Snow and Ice Data Center.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.