На Антарктикот забележан нов температурен рекорд

Аргентинските метеоролози ја регистрирале рекордно високата температура на Антарктикот во целата историја на ваквите бележења, објави аргентинската Национална метеоролошка служба на Twitter.

Станува збор за податоци кои ги бележела аргентинската научно-истражувачка станица Есперанциа, која се наоѓа на крајниот север на Антарктичкиот полуостров, која изведува метеоролоши набљудувања од 1961 година.

„(Во четвртокот) на станицата Есперанца беше регистриран нов историски (од 1961 година) температурен рекор од 18,3 Целзиусови степени. Оваа вредност го надминува досегашниот рекорд, кој изнесуваше 17,5 Целзиусови степени, регистриран на 24-ти март 2015 година“, се вели во соопштението.

Покрај тоа, метеоролозите објавија дека и на другата аргентиnска меторолошка станица Марамбио, исто така, е забележана највисоката температура откако функционира оваа станица од февруари 1971 година од 14,1 Целзиусов степен. Претходниот рекорд е регистриран во 2013 година и изнесуваше 13,8 Целзиусови степени.

„Тоа може да се должи на глобалното затоплување“, изјавила за весникот Clarin, Синди Фернандез од аргентинската метеоролошка служба.

Антарктикот се простира на повеќе од 14 милиони квадратни километри и е целосно прекруен со снег и мраз. Средната годишна температура на територијата на Антарктитот варира од 10 до 60 степени под нулата. Според податоците на Светската метеоролошка организација (СМО – WMO), климата на Антарктичкиот полуостров, најголемиот континент, е една од најбрзите кои се менуваат на планетата.

Во текот на последните 50 години, просечната температура на поуостровот се зголемила за речиси 3 Целзиусови степени. Највисоката температура во „регионот на Антарктикот (според дефинираното од СМО и ОН – целата земја и мразот јужно од 60 степени географска широчина) изнесувала 19,8 Целзсиусови степени е регистриана на 20-ти јануари 1982 година на научно-истражувачката станица Сигни (Борге Вау) на островот Сигни.