На аукција на останки од праисториски животни достигната цена од 70.000 долари

Речиси 40 милиони години стариот скелет од примерок на исчезнатиот вид наречен и голема сабјозаба мачка слична на денешниот тигар, е продаден за речиси 70.000 американски долари, една година откако е пронајден на приватен ранч во САД.

Скелетот долг 120 сантиметри го купил во вторникот приватен колекционер за само една минута на наддавање во швајцарска Женева.

Коските потекнуваат од видот чиј научен термин е Hoplophoneus, кој всушност не припаѓа на родот мачки, изумрен вид грабливец кој некогаш живеел на северноамериканските висорамнини.

На истата аукција бил понуден и заб од Тираносаурус Рекс, кој постигнал цена од 6.000 долари, а перка долга 85 снатиметри од Мозасаур, морски рептил од мезосојската ера, е купен за 8.000 долари.

Ваквите лицитации на аерхеолошки наоди предизвикуваат гнев на палеонтолозите кои велат дека тоа не се декоративни предмети, туку докази за еволуцијата на коишто местото им е пред наулниците и во музеите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.