На аукција ласерскиот меч Лук Скајвокер

Ласерски меч Лук Скајвокер од првиот филм од франшизата „Ѕвездени војни“, едно од најпознатите оружје во историјата на кинематографијата, следната седмица ќе биде понуден на наддавање во Лос Анџелес и може да биде продаден за повеќе од 200.000 американски долари.

Аукциската куќа Profiles in Histroy објави дека уште 25 предмети од „Ѕведените војни“, вклучително и оригиналниот црн шлем на пилотот на Империјата, ќе бидат понудени на наддавање коешто ќе се одржи од 11-ти до 14-ти декември. Во август годинава на аукција беше понуден шлемот на императорските трупи од филмот „Нова надеж“ од 1977 година, кој првично беше проценет на 78.800 долари.

Филмовите од серијалот „Ѕвездени војни“ заработија милијарди долари на светските кино благајни, па оттаму и реквизитите и костимите од филмовите постигнуваат високи цени на аукциите.

Дроидот R2-D2, користен во првиот филм од 1977 година минатата 2017-та беше продаден за 2,76 милиони долари, а еден друг ласерски меч на Лук Скајвокер за 450.000 долари.

Мечот кој на аукција ќе биде понуден го користеше „млад Лук Скајвокер“ во првиот филм „Ѕвездени војни: Нова надеж“. Го дизајнираше Роџер Кристијан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.