Најава за поројни дождови и снег

(Фото Танјуг)

Од УХМР известуваат дека во вечерните часови почнувајќи од север облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни. Ќе дува силен северен ветер што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата, па во втората половина од ноќта врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.

Утре времето ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег. Во планинските региони и во западните делови ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 см. Долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег и на места ќе се формира помала снежна покривка.

Поради силниот ветер (над 70 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси. Од четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.