Најава за спектакуларен трансфер од Барселона во Вардар

На социјалните мрежи се појави извонредно интигрантна информација поврзана со европскиот и македонски ракометен шампион РК Вардар и словенчкиот репрезентативец Јур Доленeц.

Имено на овие страници е објавена информација дека словенечкиот репрезентативец и ѕвездата на Барселона, Јуре Доленец, е пред трансфер во Вардар.

Од скопскиот клуб сѐ уште не ја потврдуваат оваа информација.

Доленец е една од најголемите ракометни надежи во светскиот ракомет, иако долго време се мачеше со повредата на ногата. Пропушти голем дел од минатата сезона, а веднаш по враќањето на терен покажа зошто важи за еден од најдобрите десни бекови.