Најавата на првиот македонски краток CGI SCI-FI филм

„Конструкт 42“ е името на првиот македонски краткометражен анимиран sci-fi филм кој гледачот го носи во далечната иднина и ја раскажува приказната за последните напори за спас на човештвото.

Филмот е во режија на Никола Ангелкоски, кој има работено на повеќе интернационални анимирани филмови.

Гласовите на ликовите ги позајмуваат Кристина Тасева и Александар Алексовски. Монтажата е на Жарко Јуруков, а за музиката се задолжени Бојан Сенковски и Михајло Вуковиќ.

„Конструкт 42“ треба да ја има својата премиера во 2021 година.