На автопат „шибал“ 225 километри на час, го фатиле пресретнувачи

Српската полиција поднесоја пријава против возач за насилничко управување. Тој на автопат „шибал“ со 225, 8 километри на час а бил фатен од автомобил-пресретнувач. Тоа се полициски возила кои возат напоредно со возилото кое се следи за да го намамат да ја зголеми брзината.

Кога го запреле се утврдило дека возачот бил под псхихотропски супстанци и алкохол. Одредена му е казна од 1200 евра и 250 часови општествено корисна работа.