На автопатот Куманово-Скопје-Велес казнети 102 возачи за брзо возење

Денеска (24.07.) од 07 до 13 часот Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 102 возачи. 13 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.